Што да облечете денес?

6 април 2015

Бидејќи зимата никако не сака да си оди, овој понеделник повторно се враќаме на топлите џемперчиња од кои сѐ уште не можеме да се ослободиме.

Денеска комбинираме едно црно со тесни фармерки во иста нијанса и кожена рок јакничка што одлично ќе се вклопи во комбинацијата. Целиот акцент денеска го ставаме на стилските црни чизмички до глужд, а се разубавуваме со оваа црна зимска шапка која ќе направи да изгледате како вистинска дама низ дождливите улици.

Со оглед на времето надвор, задолжителен моден додаток денеска е чадорот, па затоа погрижете се да биде некој во ведра боја!

Имајте убав почеток на работната недела.

Објавено:
6 април 2015
Категорија: 
Тренд