Што да облечете денес?

18 мај 2015

18.5

Со оглед на тоа дека е почеток на работната недела, нашиот денешен предлог е една елгантна, деловна комбинација. Пенкало здолниште со комбинација на зелени, розови и црни риги, ќе внесе динамичност во вашиот изглед, а кројот е идеален за деловни комбинации. Со него можете да комбинирате разни кошули или маички, а во конкретниов случај тоа е една розова свилена маица без ракави.

Чевлите се во иста нијанса со ригите и маичката, а кога е накитот во прашање, можете да одберете или ѓердан, или обетки со алка. Чантата е задолжителен моден додаток, па една во пудра розова и црна боја во геометриска форма одлично ќе се вклопи не само поради боите, туку и поради практичноста.

Нека работната недела ви започне успешно!

Објавено:
18 мај 2015
Категорија: 
Тренд