Што да облечете денес?

11 јуни 2015

Овој четврток одбравме софистицирана комбинација составена од едноставен, но шик црн фустан што го комбинираме со слатки црни сандали со ремче. Денеска, сѐ е во знакот на црната и кафената боја, па така носиме и кафена чантичка и очила за сонце со животински принт. Од накит, денеска носиме единствено алка со ист принт што е доволна да ја надополни целата комбинација.

Објавено:
11 јуни 2015
Категорија: 
Тренд