Што да облечете денес?
•
12 декември 2013
Овој четврток ви предлагаме кежуал комбинација од фармерки во цигара крој, едноставна светло сива блуза и капут во кафена нијанса или пак црн. Од аксесоари изберете ги кожните кафени чизми до колена што дополнително ќе ги издолжат вашите нозе во цигара фармерките, а од накит изберете минималистички парчиња. Ако имате чанта на пруги, таа ќе ја разбие и освежи комбинацијата, доколку немате одберете да комбинирате некоја во слична нијанса на чизмите. Уживајте во денот и дишете со полни гради самодоверба!