Што им предлага Елена Лука на матурантките?

28 април 2015

Првиот совет што преку нашите содржини секогаш им го упатуваме на матурантките е да останат доследни на себе, наместо да го трансформираат својот имиџ во нешто непрепознатливо за една ноќ, односно за нивната матурска забава.

 

Секако, на таа посебна вечер треба да и се додаде една неповторлива магија и девојките да изгледаат и да се чувствуваат посебно, но во рамките на нивниот стил и прилагоден на нивната возраст. Има ли нешто поубаво од нивната младост и широка насмевка?

За сето тоа да добие една целина, професионален совет побаравме кај етаблираниот моден бренд Елена Лука од каде се надоврзуваат на нашата порака до младите девојки: уживајте во вашата младост и одберете изглед во кој ќе се чувствувате свои. Матурскиот фустан чувствувајте го како ваша втора кожа, само така целосно ќе им се препуштите на задоволствата што треба комплетно да ги уживате на вашата матурска забава.

Изборот на матурски фустани што го носат потписот на овој македонски бренд е навистина богат и соодветен за девојки со различен стил, а единствено нешто што ги поврзува е генерацијата.

Елена Лука за оваа генерација матурантки реализираше различни типови на матурски креации: кратки здолништа во скултурални форми, лелеави долги фустани во светли тонови, нежни, елегантни тоалети изработени од свила во интензивни бои како и такви во црна боја кај кои највпечатлива е играта помеѓу транспарентните делови. За роматичните девојки пак, Елена Лука ги изработи фустаните во А крој од тантела со цветни апликации и нагласена половина, додека за оние девојки кои преферираат минимализам и едноставност им ги предлагаме кратките фустанчиња во нежна бела и силвер варијанта со благо нагласено деколте и тенки прерамки.

Изгледот финиширајте го со впечатлив накит доколку фустанот е поедноставен, а во случај кога тоалетата е побогата со текстури, дезени и форми, тогаш сите модни додатоци сведете ги на минимализам.

 

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Тренд