Што ни подготви H & M за празниците?

24 декември 2014

Шведскиот гигант H & M создаде празнична колекција за вистинските трендсетерки! Кон почетокот на месецов тие нѐ развеселија со одлични нови парчиња кои за многу кратко време, сосема нормално, ги освоија срцата на девојките ширум светот.

Откако колекцијата беше изложена во нивните продавници, сите парчиња беа купени со брзина на светлината.

Тоа воопшто и не изненадува, со оглед на тоа што сите парчиња се навистина квалитетни, од одлични материјали и по сосема пристапни цени.

Во ова предпразнично „лудило“, H & M одлучи одлично да нѐ разгали! Поради големиот интерес за парчињата, од брендот лансираа и неколку нови што ги поставија на нивната онлајн продавница за кои сме сигурни дека ќе има огромен интерес.

Во колекцијата има прачиња буквално за сечиј вкус почнувајќи од лежерни комбинации, па сѐ до свечени коктел фустанчиња во неодоливи бои.

Дел од колекцијата се шик комбинезоните, асиметричните фустани и комплетите со интересен принт што не можете, а да не ги обожавате.

Во продолжение, погледнете дел од колекцијата на брендот во која веруваме дека ќе се заљубите на прв поглед!

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Тренд