Што носат познатите оваа есен?

17 ноември 2017

Кога бараме инспирација во секогаш широката лепеза на стилови во уличната мода, особено сме љубопитни за тоа што носат познатите личности.

Викторија Бекам

Она што може да го забележиме како парче што важи за заеднички пресек во сезонските аутфити на глобалните ѕвезди, независно каков е нивниот имиџ, се широките, макси капути што го имаат приматот во актуелните тенденции.

Ема Стоун

Макси капут комбиниран во различни варијанти носат Карли Клос, Кејт Бланшет, Ема Стоун, Миранда Кер, Џенифер Анистон, Хајди Клум и бројни други познати дами.

Карли Клос

Во основа, нивниот неформален есенски стил е базиран на лежерна естетика, слоевито споени парчиња и предимензионирани кроеви, па макси капутите одлично се вклопуваат во таквото издание.

Фото: Splash News

 

Објавено:
17 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.990 пати