Сомотски парчиња облека за топлина и удобност секој ден

13 октомври 2022

Уште еден ретро бисер се враќа во тренд оваа сезона.

Овојпат, носталгична прегратка добиваме од меките и удобни сомотски модни парчиња кои неодоливо нè потсетуваат на нашето детство. Тогаш сомотот беше помеѓу првите избори кога требаше да облечеме нешто да не згрее во текот на студените есенски и зимски денови.

Фото: Pinterest

Овој мек, топол и нежен материјал покрај тоа што одлично грее, нуди и едно неодоливо чувство на удобност и спокој. Па така, сосема разбирливо што сомотските парчиња облека одново ги освојуваат срцата и на новите генерации, а беа присутни и на модните писти во колекциите на некои од најголемите модни дизајнери на денешницата.

Фото: Pinterest

Денес сомотот е широко употреблив во изработка на предимензионирани пантолони, комбинезони, блејзери, јакни, здолништа, кошули, капи, чанти, палта и костими. Изборот на сомотски парчиња облека, модели, дизајни и бои навистина не познава граници повеќе.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Во прилог ви нудиме инспиративни фотографии со предлози за тоа како да ги стилизирате вашите сомотски парчиња облека овие есен и зима.

Фото: Pinterest

Објавено:
13 октомври 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.455 пати