Стилски парчиња што ќе ни го најават летото

18 април 2019

Во лелеавите макси фустани изработени од лесни материјали, го препознаваме летото со целата негова ноншалантност.

И кога конечно макси фустаните ќе почнеме сè почесто да ги забележуваме во уличната мода, веќе знаеме дека е лето.

А впрочем ниту една летна сезона не поминува без омилените, романтични, долги фустани, па ред е да ги најавиме тие што ќе бидат тренд претстојното лето.

На преклоп, на закопчување, во бохо фазон, со карнери, плетени, во принтови и интензивни бои – шарен избор на макси, летини фустани.

Имате ли фаворити?

 

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.754 пати