Стилски викенд предлози со плисирани здолништа

18 февруари 2022

Со оглед на тоа дека одговараат на речиси сечија телесна конституција и лесно може да се прилагодат во различни стилски фазони, плисираните здолништа остануваат подеднакво атрактивни секоја сезона независно од тенденциите.

Елеганцијата и женственоста како главни карактеристики на ова модно парче, се секогаш безбеден избор, па затоа плисирано здолниште може да се најде во гардероберот на речиси секоја дама.

Затоа, наш стилски предлог доколку сакате овој викенд да го „зачините" со малку елеганција, е во вашиот аутфит да комбинирате плисирано здолниште.

Сѐ уште се актуелни моделите изработени од еко-кожа, сатен или памук, па може да бирате кога се во прашање и дезените и материјалите.

Совршено се вклопуваат во слоевити изгледи, со кошула, плетена ролка и ремен што го потенцира струкот или пак во спортска варијанта со патики и миди капут.

Сончевиот ден нека ви биде мотивација плус да се дотерате и да се чувствувате убаво овој викенд, а ние дополнително ќе ве инспирираме со неколку стилски предлози плус.

Објавено:
18 февруари 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.254 пати