Стилските трансформации на Мирослава Дума за време на модните недели

9 март 2017

Една од највлијателните жени во модниот бизнис е несомнено Мирослава Дума. Нејзиниот имиџ е пример за сите дами вљубени во модата, а особено не интригираат нејзините комбинации за време на модните недели низ четирите модни метрополи.

Неодамна завршија неделите посветени на модата во Њујорк, Лондон, Милано и Париз, а фото репортерите ја следеа во чекор Дума која секогаш го заслужува нивното внимание со одлично осмислените шик комбинации.

Годинава може да забележиме дека нејзиниот избор во основа се сведуваше на предимензионирани парчиња облека, нагласени со детали. Па меѓу највпечатливите беа нејзините аутфити со макси капути со потенциран струк со широк ремен, спортските широки блузони со натписи, комбинациите во кои се споени спортскиот и елегантниот стил, а качкетот беше задолжителен моден аксесоар.

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
860 пати