Тренд аларм: Елегантна шик комбинација за многу пригоди од P.S Fashion!
•
25 февруари 2015
Во деновите кога со цело срце ја чекаме пролетта, ви предлагаме спортско елегантна комбинација од P.S Fashion, со која ја повикуваме на сите начини!
Без разлика на пригодата, здолништето со висок струк во темно сина боја комбинирано со нежна лелеава кошулка во розова боја е одличен стајлинг за повеќе пригоди.
Дали ќе се одлучите истата да ја носите на состанок со вашето момче или пак на дружба со пријателките, повеќе од сигурно е дека ќе бидете впечатлива и уникатна девојка.
Чистото лице и нежната шминка во комбинација со здравата коса, денеска се на пиедестал во оваа и онака прекрасна и тренди комбинација!