Тренд аларм: Романтична тантела и мото чизми

5 февруари 2015

Љубовната и романтична еуфорија веќе започна кај нас! Денешниот тренд аларм е целосно во знакот на шармот, па затоа носиме бело фустанче од тантела комбинирано со рок чизми.

На шармантното бело фустанче од колекцијата на Дизел со неодолива јака што е вистински хит оваа сезона, му даваме интензивна рок нота со овие мото чизми од Риплеј.

Со оглед на нежната и шармантна комбинација, овојпат и шминката и фризурата се движат во ист ритам.

Доколку прошетката за Денот на вљубените ќе биде во текот на денот, тогаш комбинацијата надополнете ја со тренди очила од колекцијата на Парфоа што одлично ќе се вклопат во вашиот изглед.

Без разлика на тоа каде и со кого ќе го поминете Денот на вљубените, веруваме дека ќе зрачите со стилска енергија каде и да се појавите.

Објавено:
5 февруари 2015
Категорија: 
Тренд