Тренд аларм: тотално урбана девојка во сино
•
2 март 2015
За сината боја не постојат сезони, едноставно е омилена и во машкиот и во женскиот плакар во секое годишно време. Затоа денеска на сите урбани девојки им ја препорачуваме оваа ултра модерна комбинација во која доминираат различни нијанси на сината боја.
Сината кошула со ситен принт со потписот на Sprigfield е комбинирана со здолниште во А крој исто така од Springfield, во потемна нијанса на сината боја со флорален дезен.
Она што и дава особен ретро шмек на целата комбинација е мини ранецот во комбинација на сина со кафеава боја и шарен принт и сивите чевли на ниска потпетица од Bata.