Тренд- оптички отпечатоци

15 август 2013

Од уличен несофистициран тренд, па се до инспиративен стимул кој ги диктира новите тенденции. Мешањето на ткаенини со оптички отпечатоци е „илузија“ која ја креираше Марк Џејкобс. Инвентивни миксови на бои и нијанси, илузорни дизајни и магични модни парчиња кои совршено се вклопуваат и комбинираат како во дневните така и во создавањето на вечерните изгледи.

 

 

 Знам дека ќе речете уште ова фалеше!!! Но ако размислите, добро е како за промена, сепак сите сакаме да изгледаме барем на ден поинаку од другите во некој уникатен модел со ваков необичен принт.
Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Тренд