Намерно или случајно поклопување на дезени, принтови и бои!!!

3 септември 2013

Цветни, апстракни, леопардови,геометриски, егзотични, карирани и најпопуларниот за ова лето шах-мат принтовите, ги облекоа женските модели на обувки и чевли со високи потпетици. И не само нив овие дезени им послужија како инспиративен стимул на дизајнерите во креирањето на новите модели на панталони, што значи дека оваа сезона еднобојните модели на панталони, остануваат длабоко во гардероберот, бидејќи нема да ви требаат.

 

Филип Лим

 

Дизајнерите навистина направија еден моден склоп и револуционерно ги споија класичните модели со живите текстури, па така крајниот резултат доведе до богата палета на креации на панталони и обувки. Она на што би сакале да ви укажеме кога имаме случај на вакво поклопување во поглед на дезените и принтовите е да внимавате при комбинирањето, бидејќи се работи за специфични принтови и бои кои никако не се комбинираат еден со друг.

 

Роберто Кавали

 

Роберто Кавали се водеше од цветните дезени, додека брендот Ердем се определи за апстракни мотиви како кај чевлите така и кај панталоните . Њујоршката дизајнерка Дона Каран се одлучи да го разработи животинскиот принт, а Марлен Бингер за машките панталони на брендот Спортмакс, ги одбра боите на океанот. Фантастичен е фактот што оваа сезона дојде до поклопување на трендовите во поглед на материјалите , текстурите и ткаенините за иазрабтка на обувки и панталони. Во модниот свет ова би се протолкувало како богатство од идеи и миксови на дезени, но за модните експерти ќе биде вистинско мачење склопувањето и правењето на идеални комбинации.

Проследете ја галеријата и ќе видите за што всушност станува збор:

 

 

 

Објавено:
3 септември 2013
Категорија: 
Тренд