Како се ткаеше приказната за создавањето на шифонот

5 ноември 2014

Чувството што се добива при првиот допир на материјал како шифонот,  е синоним за леснотија и лелеавост. Тоа се карактеристики кои им се добро познати особено на дизајнерите.

Терминот доаѓа од францускиот chiffe, што во превод би значело крпа. Овој материјал особено се користи од  изработка на марами, венчаници, ремени, долна облека, пред сè поради карактеристики со кој се одликува оваа ткаенина како што се: леснотијата, транспарентноста и елеганцијата. Шифонот може да се комбинира со свила, памук или синтетички влакна, а неговата површина во зависност од производството може да биде мазна или рапава.

Производството на шифон во комбинација со свила започнува во Кина околу 3000 година п.н.е., а во Европа пристигнува околу 1700 година и се користи во изработката на облека за луѓето кои припаѓаат на високите општествени слоеви.

Во 1930 – тата година индустријализацијата го промовира производството на вештачки текстури, вклучувајќи ја вискозата која важи за издржлив и сјаен материјал. Комбинацијата на шифон и вискоза во модната индустрија се користи претежно за изработка на ноќници и практични туники, модели кои комплетно се прилагодуваат на новиот идеал на жената и создаваат помодерна визија од стандардната.

Во текот на седумнаесеттиот век започна инвазија на цветни принтови. Во Џенова, Италија селаните стануваат едни од најголемите производители на разновидни материјали и нивни комбинации, а особено се истакнуваат во производството на материјалот дамаск. Подоцна и во Франција се прават обиди за да го имитираат успешното производство на материјали на жителите од Џенова, но без некој забележителен успех. Во 1744 година, Лоренцо Маса е повикан за да го подобри квалитетот на материјалите од дамаск. После четири години тој го напушта градот, фасциниран од понудата на швајцарскиот амбасадор. Мошне често ваквиот материјал бил збогатен со златни или сребрени нишки и во тој случај ткаенината преминува во брокат. Станува збор за материјал со екстремна убавина и скапоцен изглед кој својат раскош ја уживаше кон крајот на осумнаесеттиот и почетокот на деветнаесеттиот век. Во тој период најпознатите ткајачи се натпреваруваат меѓу себе во изработка на поспецифични, уникатни и богати дизајни како што се кралските грбови, амблеми и медалјони.

Подоцна следуваат варијации на основата на материјалот која може да биде лен, коноп или свила навезена со грациозни златни или сребрени нишки. Во Англија во втората половина на деветнаесеттиот век, Вилијам Морис, почнува со ткаење на жакард, брокат и дамаск, материјали од кои познатите „Dandy“ ги правеле оделата, елеците и раскошните кралски наметки. Во дваесеттиот век со доаѓањето на нови текстилни материјали кои не се толку тешки и богати, туку практични, брокатот и дамаскот го губат приматот во индустријата.

Својата најголема слава овие типови на материјали ја доживуваат во 1970 – тите години во Лондон. Дури и Мик Џегер ги користи за изработка на своите панталони особено за сценски настапи. Неретко се случува во деведесеттите години да се сретнат модели изработени од дамаск и брокат во креациите на Џанфранко Фере и Роберто Кавали кој успешно ги комбинира со леопардови дезени. Како последни во низата кој го актуализираат брокатот во денешно време се модната двојка Долче и Габана, кои брокатот го комбинираат со високо квалитетна тантела во изработката и инвентивни орнаменти кои целосно го отсликуваат културното наследство и духот на нивната родна Сицилија.

 

Објавено:
5 ноември 2014
Категорија: 
Стории