Кавали потпиша четиригодишен договор за производство на детски обувки

17 септември 2014

Покрај богатиот спектар на облека со егзотичен шарм, дизајнерот Роберто Кавали реши да ја прошири својата понуда и со обувки за деца. Всушност станува збор за соработка на италијанскиот бренд со популарна луксузна етикета за производство на детски обувки, Andrea Montelpare SpA исто така од Италија. Договорот меѓу Кавали и компанијата е потпишан на четири години, а ефективно ќе стартува од 2015 година под називот „Роберто Кавали Јуниор“.

И давата брендови на клиентите и нивните најмали и најмили им ветуваат екстра уникатни модели, а пред се квалитет кој овозможува здрав и правилен чекор на децата.

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Актуел