Тренд: Здолништа со висок струк и миди должина

11 јуни 2020

Ако елеганцијата на 50-те треба да ја пресликаме во едно модерно парче облека, тогаш веројатно миди здолништето со висок струк би било првата опција.

Низ сезоните и годините, никогаш не изгубило од својата популарност, токму поради неговата безвременска елеганција. Варирале моделите, боите, дезените, но основата останувала иста.

Ова лето кога бираме женствени комбинации, многу често токму миди здолништето со висок струк е вклучено во комбинацијата.

Во модерни летни аутфити, миди здолнштето го комбинраме со краток топ, со кошула со волумензони ракави или пак се едноставна маичка со натпис. Опциите се бројни затоа што ова парче лесно се спојува со остатокот од гардероберот. А меѓу најатрактивните модели за ова лето се џинс здолништата, плисираните, како и оние со отворени, високи шлицови.

За мотивација, погледнете ја галеријата во продолжение.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
11 јуни 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.522 пати