Тренди се панталони со необична должина

13 јануари 2015

Судејќи по големиот број фотографии како од колекциите, така и од уличните изгледи, оваа пролет актуелен ќе биде тренд, кој ќе ги замени класичните панталони со бермуди со широк крој или ѕвонеста ногавица.

Гучи, Такон, Тиби, Елизабет и Џејмс, Роксанда Илинчиќ, Топшоп, H&M и River Island со своите пролетни лукбукови најавија интересна сезона, во која панталоните со необична должина се ставени во преден план. Наменети пред се за свечени пригоди, бермудите или како што службено се нарекуваат „culottes“, најдобро изгледаат во комбинација со едноставни памучни маици, класични кошули, јаки бои, несекојдневни детали, еклектични додатоци и спортски модел на чевли.

Објавено:
13 јануари 2015
Категорија: 
Тренд