Улична мода и лето во портокалово

20 мај 2020

Боите на зајдисонцето, свежите нијанси на портокалова и топлината што со себе ја носат, ќе ги обојат модните улици летово.

Затоа што носат свежа енергија, дизајнерите одбираат преку овој колорит да пратат позитивна порака, да охрабрат да се свртиме кон добрата страна на нештата.

А во тој контекст, психологијата на боите има значајно место. Портокаловата се поврзува со радост, добро расположене, пријатно чувство, ја поттикнува менталната активност...

Затоа ова лето во уличната мода ќе биде широко прифатена.

Нејзината флексиблна природа подразбира и лесно и игриво комбинирање со остатокот од палетата, па охрабрете се почесто да ја комбинирате во вашиот секојдневен изглед.

За инспирација како тоа да го правите, послужете се со идеите од уличната мода.

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.747 пати