Време е повторно да го извадите тексасното здолниште!

26 јули 2014

Пред неколку години, ова парче беше вистински хит, а потоа слдеше затишје. Сепак, модните трендсетерки го вратија тексасното здолниште во центарот на вниманието.

Така, извадете го и комбинирајте го по желба - тексасна кошула, бела маица, кошула со принт, палто... Изразете ја вашата креативност. Исто така, како и кај фармерките и кај здолништата актуелен е трендот на искинатост, па старо здолниште со малку труд може да стане ново.

Молив кроевите се едни од поактуелните, но блогерките и модните уреднички не ретко ги носат и оние со набори. Одберете го кројот што најмногу му прилега на вашето тело.

Во продолжение погледнете ја галеријата, испирирајте се и подгответе си комбинација уште за денеска.

Објавено:
26 јули 2014
Категорија: 
Тренд