Загреб има навистина голема модна култура. Првиот впечаток секако ќе го добиете на улица.
Уличната мода во хрватската престолнина не е ништо подалеку од диверзитетот, вкусот и димензијта на уличната мода во светските метрополи.
Ако ги разгледате последните фотографии од актуелната зимска улична мода, објавени на Инстаграм профилот @street_stylezagreb, само ќе ја потврдите оваа констатација.
Модерни дами од сите возрасти кои точно знаат како да го дозираат балансот меѓу личниот имиџ, актуелните трендови и безвременската елеганција.
Инаку, овој Инстаграм профил зад кој стои Синиша Бузан, е посветен исклучително на еволуцијата на загребската улична мода, па оттука може да добиете и поширока слика која секако завршува со истиот впечаток: улиците на Загреб се како модна писта.
Фото: Инстаграм @street_stylezagreb