9 чекори да го истакнете својот сексапил

31 јули 2013

Гледајте го својот одраз во огледалото секој ден

Застанете доволно близу за да можете да се загледате директно во сопствените очи. Насмејте се и изговорете „Те сакам“. Правете го ова секојдневно се додека вистински не почнете да верувате во тоа. Немојте да се изненадите доколку оваа вежба ве расплаче. На почеток веројатно ќе се чувствувате чудно но, продолжете да ја применувате бар во период од месец дена.

Сетете се на моментите кога сте се чувствувале секси и полни самодоверба

Затворете ги очите и длабоко издишете се и потонете во тоа сеќавање. Обидете се во тоа сеќавање да го оживеете секој детаљ, се додека не забележите дека одредени моменти веќе сте ги изнеле на површина. Задржете го тоа чувство на неколку секунди и додека е се уште силно отворете ги очите и насмевнете се. Правејќи го ова редовно, вие се тренирате себе дека сте секси и полни со самодоверба.

Пребарајте го својот гардеробер и отстранете ја целата облека која не ви стои или во која не се чувствувате удобно

Доколку тие парчиња облека не ви се воопшто потребни, тогаш можете да ги донирате во хумани цели, а треба да го задржите само оние парчиња облека кои ги сакате или ви се неопходни. Секој пат кога ќе облечете досадна облека или онаа која лошо ви стои, вие всушност не си дозволувате комфор на сопственото тело. Ова секако не значи дека морате постојано да се дотерувате. Едноставно опуштената облека можете да ја задржите, па дури и вашата тренерка во која се чувствувате секси.
Облечете ја вашата омилена комбинација

Погледнете се во големо огледало преку кое ќе можете да ја видите целата фигура. Дајте си себе си некој комплимент гласно. Смејте се додека го правите тоа и не заборавајте дека ставот ви значи се.

Научете да вртите хулахоп

Евтино е, а можете да погледнете и многу туторијали на интернет. Со хулахопот можете буквално да го пробудите своето тело. Оваа вежба помага да ги опуштите колковите, а згрчените колкови значат голема количина тага која се насобрала, а тогаш е тешко да се чувствувате секси. Хулахопот исто така помага да ја обликувате својата фигура, овој пластичен круг е неверојатен, затоа почнете да се дружите со него.

Дозволете си да се чувствувате секси

Да бидете секси не значи и да бидете глупи, како што не значи да мислите дека вашата основна вредност е убавината. Тоа значи да го почитувате телото што го имате. Нема потреба да се натпреварувате со останатите. Однесувајте се како вистинска жена во сопственото тело и дух. Секој носи посебна харизма на свој и единствен начин.

Направете нешто креативно

Во енергетска смисла креативноста и сексуалноста се нераздвојни елементи. Доколку не ви успеваат обидите да се чувствувате секси, тогаш направете нешто креативно. Не сте уметник? Тогаш направете некој колач или експериментирајте со некои рецепти за јадење. Тоа ќе ја испровоцира вашата креативна страна и ќе би ја даде потребната енергија како и во претходните чекори кои ви ги издвоивме.

Смејте се

Смеењето е секси. Насмевката влева дополнително позитивно чувство, а кога се смеете и луѓето околу вас се чувствуваат подобро. Смеењето е заразно а во некои случаи луѓето може да бидат многу заинтригирани од вас. Таа комбинација на радост и мистериозност е многу секси.

Запаметите дека сексапилот е работа на држење, а не конфекциски број

Физичката перцепција е првична кога некој прв пат ве доживува. Килограмите и не се толку важни доколку правилно го држите вашето тело, а со тоа ги праќате сигналите кои сакате да ги прими другата страна. Затоа не го заборавајте ова правило.

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Убавина