Блогерката Јована Зука во есенски едиторијал обоен со козметиката на Ив Сен Лоран

20 октомври 2014

Есента царува во полн ек, а фузијата од палетата на есенските колорни нијанси можеби е во најдобрата контрастна комбинација кога станува збор за шминката. Токму во боите на ова годишно време и палетата козметика од колекцијата за есен-зима 2014/15 на реномираниот Ив Сен Лоран, македонската блогерка Јована Зука изработи едиторијал кој се најде на страниците од нејзиниот блог AfterTwoFive, а истиот го реализираше во соработка  со парфимериите Еликсир Ексклузив. Палетата неодоливи  производи како: кармини, блок сенки, маскари и лакови за нокти се дел од последната колекција која веќе е достапна и во Скопје за сите дами кои го преферираат луксузот на козметиката.

 

Најновите козметички производи беа примарната цел од соработката меѓу парфимериите Еликсир Ексклузив и македонската блогерка Јована Зука, која е главната протагонистка од одличниот едиторјал. Таа е голем обожавател токму на козметиката со француски потпис за која вели дека има особено значење од нејзиното секојдневие.

-Со Еликсир Ексклузив се пронајдовме во меѓусебната желба да претставуваме дел од производите за убавина кои ги застапуваат, од перспективата на моден блогер. Откако ќе избереме производ или бренд, јас создавам приказна во форма на едиторијал, која има за цел да ја долови неговата суштина и визуелно да ги опише неговите квалитети како што јас ги доживувам. Потоа, приказната се објавува на мојот блог, After Two Five, како и во Еликсир Магазин. Чувството на раскош кое доаѓа од користењето на козметиката на Ив Сен Лоран е неспоредливо. Секое  парче козметика е спакувано до совршенство, почнувајќи од висококвалитетните состојки  кои влегуваат во секој производ, продолжувајќи со неверојатните палети на бои и завршувајќи со беспрекорно дизајнираните пакувања кои и сами по себе се уметнички дела. Поседувањето на парче Ив Сен Лоран козметика значи и станување на дел од една прекрасна историја на една од највлијателните луксузни модни куќи. Секоја девојка треба да има барем еден ваков продукт за убавина, а како задолжителни производи би ги издвоила класичните „Rouge Pur Couture“ или „Rouge Volupte“ кармини, хајлајтерот „Touche Eclat“ и маскарата „Baby Doll“, вели Зука.

Ваш совет во однос на шминката за тековната сезона до сите читателки?

-Најважен за мене оваа, а и секоја сезона е изгледот на кожата. Кога лицето е свежо, одморено и хидрирано, останатиот дел од шминката „легнува“ совршено. Како плус, најинтересно во периодов ми е експериментирањето со црн туш и исцртувањето на очите инспирирано од 1960-тите, објаснува блогерката.

Веруваме дека како Јована, така и Вие посакавте вашата козметичка торбичка да ги има современите и модерни нијанси, прекрасните мирисни ноти од парфемите и секако квалитетот кој е пресуден за нивниот избор. Инаку, фотографиите од одличниот едиторијал се најдоа и на страниците од официјалниот Инстаграм профил за линијата козметика на брендот.

Објавено:
20 октомври 2014
Категорија: 
Убавина