Бранови од коса за модерен изглед

20 мај 2013

Кадриците повторно се враќаат во мода. Да, витканата коса е тотално ин оваа сезона. Бушави, лелеави, разлетани и колку што е можно понесредени. Ем ќе ја одморите вашата коса од пеглање и фенирање, ем ќе имате фризура која е шик и модерна, а и лесна за одржавање.

 

 

Не се двоумете и прифатете го предизвикот. Доколку имате права коса, купете виклери и навиткајте ја, напрскајте малку лак или ставете пена за да ги добиете кадриците што ги посакувате. Експериментирајте, нагласете го вашиот слободен дух, секоја промена е добредојдена.

Објавено:
20 мај 2013
Категорија: 
Убавина