Брендот за долна облека La Perla го лансираше својот парфем Just Precious

6 септември 2013

Новиот парфем создаден од италијанската компанија La Perla плени со својата женственост и изобилува со необично привлечни мирисни ноти. Овој италијански бренд е познат по луксузниот дизајн на долна облека, но на пазарот реши да го пласира и својот нов мирис „Just Precious“.

 

 

Есенцијата е инспирирана од сјајот на најубавите камења кои се воедно и најдобрите пријатели на секоја жена. Миризлива композиција и хармоничен спој на цветни и дрвенести ноти. На врвот се чувствуваат цитрусните сокови од мандарина и бергамот, во комбинација со портокалова боја. Срцевината е обвиткана со елегантен микс од јасмин, бел божур и иланг-иланг, а како што одите кон основата ве маѓепсуваат есенциите од сандаловина, ванила, листови од пачули и амбер. Парфемот ќе биде достапен во парфимериите од септември во шишенце со златен сјај ов 30,50 и 100мл.

 

 

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Убавина