Како мириса жената?- „la Signorina“ на Салваторе Ферагамо

5 октомври 2013

Неодамна е пуштена во продажба лимитирана серија на новиот парфем „la Signorina“ на Салваторе Ферагамо. Романтичен, во совршено изработена „креација“, со стил кој ја истакнува неговата софистицираност, елеганција и уникатност.

 

 

Тајните состојки кои ќе ве вивнат во облаците се црвени рибизли, зачинети со ноти од розов бибер, ливчиња од јасмин, божур и цветна мешавина, на кои им се додадени мирисите од слатка овошна павлака, мов и пачули.

Бидете препознатливи и дајте и невообичаен белег на својата појава. Бидете мистериозни и единствени, со тоа што „la Signorina“ ќе стане дел од вашето секојдневие.

Објавено:
5 октомври 2013
Категорија: 
Убавина