Bright Ribbon-новата козметичка линија на Џорџо Армани

22 април 2014

Летниот колорит остро му се спротивстави на „nude“ ефектот барем кога е шминката во прашање. Новата колекција на декоративна козметика што ја промовираше модниот гигант Џорџо Армани со наслов „Bright Ribbon“ е со инвентивен дизајн и вклучува шест кармини во боите на портокал, малина, боровинка, јагода и исто толку лакови за нокти од кои што како највпечатливата се издвои небесно сината нијанса.

Линда Кантело, уметничкиот директор во модната куќа на Џорџо Армани, откри дека за создавање на оваа колекција за шминка, инспирацијата ја црпи од Медитеранските градини, бидејќи тие изобилуваат со неверојатна палета на бои, нијанси и тонови. Градациите на спектарот беа вистински стимул за Кастело, чија основна цел е да ги освежи и оживее модните визии на голем број дами ширум светот.

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Убавина