Четири фризури соодветни за секоја возраст

23 април 2018

Со пролетта доаѓа и потребата за нешто ново, некоја промена со која ќе го означите стартот на топлите денови во кои допрва ќе уживаме.

Многу е тешко да се пронајде вистинската фризура што ќе му одговара на вашето лице, а подеднакво тешко е да ги пронајдете вистинските луѓе што ќе се погрижат за тоа.

Фото: Kristin Ess

Оваа пролет бидете храбри и откажете се од едноставната, долга коса или пунџите кои секогаш се брзо утринско решение и одлучете се за нешто сосема поинакво.

Секоја сезона постојат неколку модерни и шик фризури во кои девојките се вљубуваат, но постојат и неколку класици кои супер прилегаат на сите дами без оглед на возраста и обликот на лицето.

Помеѓу класичното и тренди, елегантното и лежерното, се најдоа фризури кои им пркосат на годините и одлично им прилегаат на сите.

Истовремено, тие со себе носат доза на елеганција и младешки изглед кои како комбинација се нешто совршено.

Во продолжение погледнете четири, супер лесни фризури за правење и веднаш закажете термин за промена!

-Неуредни бранови 

 -Боб фризура до раменици 

 -Лежерно репче

-Холивудски бранови 

Објавено:
23 април 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.678 пати