Иако деновиве се чини како да доаѓа есен, а не лето, ние сепак ги одбравме најубавите лакови за девојките вљубенички во маникирот.
Ова лето, впрочем како и секое останато, светлите и шармантни нијанси повторно доаѓаат на прво место, но она што нас особено нѐ израдува се и златните и нежни земјени тонови што се одлични за комбинирање.
Доколку веќе се подготвувате за вашиот годишен одмор, пастелните нијанси се совршени за безгрижно и долго топло лето, а истите многу лесно можете да ги комбинирате со било каков костим за капење.
На последните денови од вашиот одмор, кога конечно ќе ја добиете бојата што долго ја посакувавте, кафените тонови се како создадени за оставање впечаток.
Секако, како и секоја сезона, црвениот лак е нешто задолжително, особено за вечерните пригоди кога како комбинација избирате свечени тоалети и шармантен накит.
Сината, портокаловата, бојата на лимон и секако виолетовата нека бидат вашиот совршен избор за секојдневните пригоди и летни комбинации!
Ви посакуваме колоритно и забавно лето!