Доколку очајно посакувате да направите некаква промена со вашата фризура, а сепак не сте подготвени за драстични промени на должината на вашата коса и боја, тогаш наш предлог е да си исечете шишки.
Музичката дива, Бијонсе важи за вистински камелеон кога се во прашање фризурите. Нејзината жива природа и постојаната желба за промена е видлива низ многуте трансформации на нејзината фризура. Токму таа пред некој ден се појави со ново стилско издание. Имено, исече шишки во асиметрична форма.
Ако пак, не сте толку храбри, тогаш ви предлагаме да пробате да ја стилизирате вашата коса во стилот на популарната старлета Ким Кардашијан.
Меѓутоа, одлично би соодветствувале и фризурите на Џесика Бил и Ема Стоне, се зависи од тоа колкава е желбата за ваша промена и колку таа се вклопува во вашиот моден свет.
Ако пак, сепак не сте сигурни дека шишките се вистински избор, а сепак сакате некако да го освежите изгледот, тогаш подолги шишки како што носи Кејт Мос се исто така интересно решение за да ја разбиете монотонијата на вашиот изглед.
Погледнете ги фотографиите и инспирирајте се: