Хрватите се најдебелата нација во Европа

4 август 2021

Според најновото истражување на Еуростат, Хрватите се најдебела нација во Европа. Податоците се од 2019 година, а објавени се неодамна.

Истражувањето покажало дека повеќе од 70% од мажите во Хрватска има индекс на телесна маса еднаков или поголем од 25. Во женска категорија тој процент изнесува околу 60.

Зад Хрватите се Малтежаните.

Најмалку дебели има меѓу најмладата популација од 18 до 24 години, а најмногу во возрасната старосна граница од 65 до 74 години (дури 66%).

Според нивното истражување и степенот на образование има влијание врз гојазноста.

Па така, студијата покажала дека 59% од луѓето со ниско образование спаѓаат во категоријата „дебели“, кај оние со средно образование тој процент е 54, додека кај високообразовните луѓе - 44 проценти.

Населението во Италија (46%), Франција (47) и Луксембург (48) е најмалку гојазно. Во целата Европска уника, машката популација е речиси секаде подебела од женската, а најголема разлика има во Луксембург, каде 59% од мажите се гојазни, но само 38% од жените се соочуваат со тој проблем.

 

Објавено:
4 август 2021
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
624 пати