Мажите се исти како и жените кога...

14 јуни 2013

Едно интересно истражување вели дека мажите во текот на животот менуваат до пет различни фризури, а за најдобрата се одлучуваат некаде околу 32-та година. Интересно е тоа што и жените го прават истото, само што тие во просек ќе пробаат до седум различни фризури. 65 проценти од испитаниците бираат фризура што лесно се одржува, додека 10 проценти велат дека нивните партнерки одлучуваат за изгледот на фризурата.

 

Машката популација најмногу сака фризура како на Дејвид Бекам и Бредли Купер, додека две третини сакаат да изгледаат како Џорџ Клуни.

Вообичаено е мислењето дека мажите не се под импресија од трендовите кога е косата во прашање, но истражувањето покажува дека голем број од мажите се обидуваат да пронајдат свој препознатлив стил. Според професионалците машката фризура го покажува и карактерот на модерниот маж.

Објавено:
14 јуни 2013
Категорија: 
Убавина