Како да имате секси половина како на Ева Мендес?

5 ноември 2013

Прекрасната Ева Мендес работи многу напорно за да ја одржува совршената фигура. Триесет и деветгодишната актерка трча пет пати неделно, вежба јога, а секој втор ден боксува во теретана. Ова е нејзината препорака како за многу кратко време да добиете секси половина.

Таа секогаш практикува една иста вежба кога станува збор за половината и ќе каже дека таа навистина делува, а ја препорачува на сите девојки ширум светот.

Легнете на страна и од таа положба подигнете го телото потпирајќи се на подлактницата и стапалата. Другата рака, не онаа што е на подот, кренете ја над главата, потоа кренете го целото тело, па издишете и спуштете се долу.

Додека ја правите вежбата, погрижете се телото да ви биде сосема исправено во линија на подот, држејќи го грбот и вратот во сосема права линија.

Обидете се оваа вежба да стане дел од вашата секојдневна рутина за вежбање и истата секогаш да ја повторите барем три пати. Откако ќе завршите со едната страна, направете ја истата вежба на другата.

Никако не откажувајте се, бидејќи секси актерката вели дека според неа, ова е една од најефикасните вежби.

Објавено:
5 ноември 2013
Категорија: 
Убавина