Колин Фарел ќе шармира преку мирисните ноти на Долче и Габана

21 октомври 2014

Ирскиот актер, Колин Фарел потпиша договор со италијанското модно дуо Долче и Габана. Фарел ќе биде новото лице на последниот парфем, насловен Intenso. Пораката која ја праќа првичната фотографија што се појави во медиумите е, „Изгледајте интензивно“!

Фарел изгледа повеќе од заводливо со неверојатен мек и секси шарм кој секој Ирец го поседува. Облечен во обична бела маичка, потпрен на карпестиот брег со поглед кој само навидум се губи во далечината на хоризонтот.

Колин Фарел го наследи Метју Меконахи кој изминатата година беше ѕвезда за кампањата по повод лансирањето на парфемот The One.

„Пресреќни сме што соработуваме со Колин. Тој е мошне талентиран актер. Кога го креиравме овој парфем веднаш знаевме дека тој е вистинскиот човек кој најдобро би го изрекламирал и би се вклопил во „Интензивната рапсодија од мирисни ноти“. Колин е совршено олицетворение на маж кој истовремено одлично се носи со епитетите на лошо момче и шармантен џентлмен. Тоа е она што ни требаше и го добивме“, рекоа во својата изјава модните дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана.

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Убавина