Уживајте во луксузните мирисни ноти на парфемот „The One“ од Долче и Габана

27 август 2014

Познатиот моден двоец Долче и Габана, пред и официјално да стартуваат есенските денови реши своите обожаватели и потрошувачи да ги изненади со нова лимитирана колекција на единствениот парфем „The One“, наменет за жени, но и за мажи.

Годишното издание доби и нов луксузен дизајн, што впрочем модна куќа како што е Долче и Габана може и треба да си го дозволи. Шишенцето за жени е во правоаголна форма во интензивна црвена боја и е украсено со златен медалјон. Машката едиција доби вертикално издолжена правоаголна форма на шишето, декорирано исто така со златен медалјон, но во луксузна чоколадна нијанса.

Женскиот мирис претставува амалгам од есенции на бергамот, мандарина, праска, цветови од крин, романтична ванила и сензуални ноти на мошус. Машката есенција пак, претставува хармонично соединение на свеж грејпфрут, коријандер, босилек, ѓумбир и дискретен мирис на кедар. Женскиот парфем ќе се продава во шишиња од 50мл, а додека машкиот парфем во шишиња од 100мл.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Убавина