Скарлет Јохансон во нова кампања на Долче и Габана

10 мај 2013

Новиот парфем е комбинација од бергамот, мандарина, крин, ванила, сандаловина и мошус. Амбалажата и пакувањето на парфемот се луксузни како и самиот парфем. На црната кутија со златни букви е испишан зборот “Desire” и тоа со дизајнерки ракопис.

„Кога работиме на нови линии парфеми и мејкап секогаш настојуваме да оставиме наша ДНК. Црната и златната се класични нијанси на Долче и Габана, а капачето на парфемот е изработен од црн скапоцен камен, детаљ кој потсетува на триесетите години на минатиот век што послужија како наша инспирација” – изјавил Стефано Габана.

Маркетинг тимот на Долче и Габана предвидел дека овој парфем ќе им донесе профит од 150 милиони долари во 2013 година, а на европскиот пазар ќе се појави во издание од 30, 50 и 70 мл.

Објавено:
10 мај 2013
Категорија: 
Актуел