Во својата едиција женски парфеми J'Adore, луксузниот бренд Диор лансираше нова линија J'Adore In Joy.
Се работи за парфем што со својот мирис ќе ве потсети на сите радости во животот, асоцира на љубов и забава и е олицетворение на пролетта.
J'Adore In Joy е луксузно, а сепак спонтано инстантно задоволство кое буквално мириса на радост.
Главниот парфимер во Диор, Francois Demachy при создавањето на овој совршен парфем, постигнал хармонија во комбинирањето на мирисните цветни ноти со што се враќа на неговата суштина и значењето на неговото име. Во букетот од цвеќиња, користени се мирисните ноти на Jasmine Sambac, Neroli, Tuberose како и тропскиот Ylang Ylang.
„Со J'Adore In Joy креирав оригинални овошно-солени мирисни ноти за да може белите цветови да блеснат. Овој "Fleur de Sel" е модерен стил и буквално мириса на радост", вели парфимерот.
Парфемот е спакуван во софистицирано, до перфекција естетизирано шишенце со елегантна форма, во комбинација на златни тонови и нијанса на праска.
Спонзорирана објава