Намирници кои ќе ви помогнат да ги намалите болките во желудникот

19 јули 2018

Во денешно време, како резултат на брзиот начин на живот, стресот и проблемите со кои секојдневно се соочуваме, желудникот е дефинитивно еден од најпогодените и најраздразливи органи.

Проблемите со желудникот се едни од најтешките и најздодевни, бидејќи потребно е време истиот да заздрави и соодветна терапија која ќе ги намали болките и грчевите.

Секако, постојат одредени намирници кои доколку редовно ги консумирате ќе успеете да ги намалите болките или во целост да ги избегнете.

Најчесто, проблемите со желудникот произлегуваат од погрешниот начин на исхрана и стресот, па би било супер ако уште денеска се обидете да го промените режимот на исхрана за да спречите било што понатаму.

Пред било што да преземете на своја рака, задолжително консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист кои најдобро ја знаат вашата состојба и знаат каква терапија ви е потребна.

Кога ги чувствувате овие болки во желудникот или уште полошо, упорните грчеви, обидете се да се држите до едноставна прехрана со лесни намирници за кои читате во продолжение.

Банани

Веќе знаете дека бананите се број еден кога имате проблеми со стомакот или имате дијареа, поради тоа што ќе ве заситат, а нема да ви го раздразнат желудникот дополнително. Тие пријатно делуваат на болките и помагаат во природната работа на цревата.

Папаја

Егзотично овошје кое ја поттикнува работата на цревата, ги олеснува грчевите и помага при запек. Содржи ензими кои поволно влијаат на цревната флора. Покрај свежа папаја, постојат и таблети од истата кои ги ублажуваат стомачните проблеми.

Бел ориз

Кога имате проблеми со желудникот, најдобро е да се држите до лесни намирници, а оризот е дефинитивно една од нив. Истиот е одличен за јадење во разни комбинации, а нема дополнително да им ја отежни работата на цревата. Особено се препорачува кај дијареа.

Ѓумбир

Бројните истражувања покажаа дека ѓумбирот поволно влијае врз цревата, особено во оние денови кога имате мачнини. Се препорачува мала доза на ѓумбир кога имате труење со храна или проблеми со желудникот. Можете да го консумирате како чај, но и да го џвакате свеж.

Сок од јаболка

Како и бананите, така и јаболките се одличен извор на влакна, супер за стомакот, но обидете се да ги јадете печени со малку цимет за да не го оптеретите дополнително стомакот, или пак како сок. 

Јогурт

Обичниот јогурт е дефинитивно супер пробиотик, лесен за консумирање и полн со добри бактерии кои пријатно делуваат на цревната флора.

Извор: Zena.hr

Објавено:
19 јули 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
9.210 пати