Американската вселенска агенција НАСА лансира парфем и тоа со мирис на вселената!
Неочекувано и невообичаено, но зад овој проект е вклучен цел тим на професионалци.
Парфемот го носи називот „Eau de Space", а настанал врз основа на сеќавањата на космонаутите кои го искусиле присуството во вселената. Тие нејзиниот мирис го опишуваат како мешавна на озон, пржено месо, барут, малина и рум. Повикувајќи се на ваквиот опис, хемичарот Стивен Пирс, кој инаку соработува со НАСА од 2008-ма година, ги создал природните ароми за парфемот.
Приоритетно, овој парфем е создаден за да им помогне на космонаутите што се подготвуваат за посета на вселената, претходно да се навикнат на нејзиниот мирис. Но, авторот на парфемот, Пирс, решил да го комерцијализира производот со цел да собере што повеќе капитал за производство. Тој покренал кампања со која досега успеал да генерира сума од 333 илјади долари.
По завршувањето на кампањата, парфимерот ветува дека парфемот ќе биде пуштен и во комерцијална продажба, а во однос на таа негова идеја нема никакви опструкции од НАСА. Напротив, тие веќе размислуваат за втор парфем со мирис на Месечината, со назив „Smell of the Moon".