Носењето премногу шминка значи дека ги лажете мажите?!

17 октомври 2013

Постојано можеме да прочитаме и погледнеме содржини со фотографии од тотална трансформација кај жени направени со помош на шминка. Сигурно ќе се согласите дека професионалните стилисти за шминка умеат да направат вистинско уметничко дело на лицето и буквално да не можете да ја препознаете личноста од претходно. Но, тука се поставува едно друго прашање. Неколку часа сте убави и совршени или сте сосема друга личност, но што кога ќе ја тргнете шминката? Оние што ве запознале таква нема да ве препознаат следниот пат кога ќе ве видат, а со тоа ќе ја уништите и перцепцијата што тие ја создале претходно за вас. Токму на оваа тема познатата шминкерка Мелиса Марфи направила едно интересно истражување преку кое сакала да го поттикне посилниот пол на реакција и коментар за трансформацијата што ја извела на една девојка, а изгледа вака:

Сите ќе се сложиме дека на фотографијата гледаме сосема две различни личности, а сепак е една. По објавувањето на фотографијата пристигнале многубројни коментари од мажи кои велат дека ваквиот начин на трансформација е вистинска визуелна лага, а ја споредуваат со тоа дека би било исто и мажите под облеката да ставаат лажни мускули и да глумат дека се атлетски градени и развиени. Заклучокот од ова би бил дека на жените им е јасно за „маскирањето“ со професионалната шминка и тоа дека кога ќе се тргне вие сте друга личнот, но на мажите ова дефинитивно не им се допаѓа, затоа шминкајте и корегирајте се, но не претерувајте освен ако ви е неопходно.

Објавено:
17 октомври 2013
Категорија: 
Убавина