Пред две децении, Кристина Агилера предизвика силни емотивни реакции и допре безброј тинејџери со видео записот на нејзината песна „Beautiful".
Во тоа време, социјалните мрежи беа далеку помалку влијателни врз младите генерации и начинот на кои тие се гледаа себеси и своите тела, но затоа пак списанијата за убавина беа целосно виновни за ниската самодоверба кај многумина и негативната навика за секојдневно меѓусебно споредување.
Токму тоа и е премисата во оригиналниот спот за „Beautiful", во кој е прикажано црно девојче кое разгледува списанијата за убавина како едно од повеќето клипови од луѓе кои се борат со несигурност.
„Оригиналното видео за „Beautiful" имаше за цел да покрене свест и да побуди чувство за сочувство пред критиките", напиша пејачката на Твитер во средата. „Сè уште носи важна порака да се потсетиме на нашите основни вредности надвор од она што ни се наметнува... да најдеме чувство на рамнотежа и да се прифатиме себеси такви какви што сме".
Но, пред 20 години, единствени параметри за убавина и идеал беа злавните ѕвезди и супермоделите, додека пак младите во денешно време растат во поопасно дигитално општество каде можноста за споредување е поголема од било кога. Денес пример за „идеал" не се само поп-иконите и холивудските ѕвезди, туку и безбројните инфлуенсери на социјалните мрежи кои го едитираат своето тело и лице на фотографии и видеа поставувајќи недостижни стандарди за убавина (кои не се ниту вистински), а помеѓу овие инфлуенсери неретко се вбројуваат и врсници и пријатели на самите деца кои се борат со ниска самодоверба.
Согледувајќи ја опасноста од овој начин на растење, Кристина Агилера се одлучи да сними втора, нова верзија на видео записот, која не само што повеќе одговара на современите проблеми на тинејџерите, туку се чини дека доаѓа во право време кога нештата наместо да се подобруваат, стануваат полоши.
Новата верзија, која прикажува млади девојки како се снимаат додека се шминкаат, младо момче како крева тегови; и група деца во чекалната на пластична хирургија. Крајот на видеото ја праќа потресната порака која гласи: „Во последните 20 години, откако Stripped првпат беше објавен, социјалните мрежи го трансформираа нашиот однос со нашите тела и за возврат, нашето ментално здравје. Истражувањата покажуваат дека времето поминато на социјалните мрежи е поврзано со проблеми со самодоверба поврзана со изгледот на телото, самоповредување и нарушена изхрана кај децата и тинејџерите. Ова треба да се промени".