Орифлеим ти ја претставува NovAge Men – првата NovAge линија создадена специјално за мажи

19 март 2018

Самодовербата и изгледот на мажот играат голема улога во неговиот личен и професионален успех. Сепак, поради напорното секојдневие, машката кожа е постојано нападната од надворешни и внатрешни фактори. Штетните елементи, долгите напорни денови и стресот можат да го нарушат изгледот на машката кожа.

Истражувањата покажуваат дека машката кожа е многу поразлична од женската. Една од главните причини за оваа разлика е тестостеронот, поради кој машката кожа е погуста и поотпорна. Ова исто предизвикува поголемо производство на себум, што значи дека машката кожа е помрсна и поподложна на загадување.

 

Исто така, тестостеронот предизвикува појава на влакна на лицето. Кога мажите се бричат, кожата е подложна на дополнителен стрес. Друга важна разлика е што машката кожа има поголемо количество на клетки, што значи дека на кожата ѝ, е потребна повеќе енергија. Без енергија, младешкиот изглед на кожата исчезнува и се покажуваат знаци на стареење.

Неодамна, едно важно истражување докажа дека протеинот наречен версикан игра важна улога во процесот на стареење, особено кај мажите околу 40-та година. Бидејќи овој специфичен биомаркер ослабува со текот на времето, тој докажано предизвикува нарушување во тенот на кожата и предизвикува појава на брчки.

Добрата вест за мажите е дека нивната кожа старее побавно во споредба со женската. Сепак, кога ќе започне овој процес на стареење, може тој да биде поинтензивен од процесот кај жените. Кожата изгледа уморно а знаците на стареење се изразени.

 

Поради ова, кога станува збор за нега на кожа, мажите имаат потреба од специјални производи за младешки, здрав и енергичен изглед.

Затоа, Орифлеим ја создаде својата нова врвна линија за нега - NovAge Men.

NovAge Men е линија создадена да ги реши специфичните потреби на машката кожа, со своите биоактивни технологии кои докажано ја зголемуваат енергијата на кожата и се борат против знаците на стареење. Линијата е специјално создадена за машката кожа и содржи напредни технологии од растителни матични клетки кои ја разубавуваат кожата и ја прават помазна и поцврста.


Една од револуционерните биоактивни состојки на NovAge Men – технологијата против стареење од баобаб – е специјално создадена да дејствува на машката кожа поради тоа што го регулира лачењето на версикан и го спречува создавањето на брчки.

Екстрактот од растителни матични клетки од банјан-дрво е исто така дел од составот на NovAge Men бидејќи на кожата ѝ, овозможува енергија што ги поттикнува клетките да функционираат правилно и овозможува интензивни антиоксидантни дејства што ја штитат кожата од штетните фактори на животната средина.

Едноставната рутина од 4 чекори на NovAge Men му нуди на секој маж комплетно решение кое ги таргетира знаците на стареење и на умор. А, најдоброто е тоа што за ова е потребно само 2 минути, наутро и навечер.

Машката кожа има потреба од соодветна нега која ќе овозможи секојдневна врвна рутина. Затоа, ако си маж кој сака да изгледа свежо и младо, без разлика на годините, тогаш мора да ја пробаш новата линија на Орифлеим - NovAge Men.

Откриј ја во Каталог 4 кај твојот Орифлеим Консултант или на www.oriflame.mk

ЗА ОРИФЛЕИМ
Основана во 1967 година, Орифлеим е компанија со директна продажба во повеќе од 60 земји. Нејзината широка палета на шведски, напредни производи инспирирани од природата ја нудат над 3 милиони Независни Орифлеим Консултанти со годишна продажба од над 1,3 милијарди евра. Почитта за луѓето и природата е темелот на Орифлеим и тоа може да се види во нејзината грижа за животната средина и општеството. Орифлеим поддржува бројни хуманитарни акции низ целиот свет и е коосновач на Светската фондација за деца. Орифлеим е групација од Луксембург, со канцеларии во Луксембург и Швајцарија. Орифлеим Козметика е дел од Стокхолмската берза.

 

Објавено:
19 март 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
469 пати