Ова е првата маскара без четкичка

9 септември 2016

Веројатно ви звучи збунувачки или неверојатно, но компанијата „Hourglass“ ја создаде првата маскара без четкичка.

Новиот производ го носи името Curator Lash Instrument, со што всушност маскарата ја нарекуваат како инструмент или алат за трепки.

Всушност, новата маскара е речиси иста како и претходните, со таа разлика што делот со четкички е заменет со рамен дел со „вдлабнатини“.

За неговото создавање биле консултирани и инженери, а инспирацијата била црпена и од уметнички дела.

Резултатот е „алат“ со кој маскарата се нанесува рамномерно, а делот за нанесување не мора да се фрла, како четкичките, туку само да повремено да се измие со вода или да се исчисти со влажно марамче.

Во видеото во продолжение можете да погледнете и етапно како се ракува со новиот производ.

Би го пробале ли?

Објавено:
9 септември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.734 пати
Извор: 
Glamour.com