Приказната за совршеното тело во 1955 година всушност е лага

24 ноември 2021

„Во магазинот „Тајм“ пред 65 години е објавена фотографија на најдоброто тело за 1955 година. Таа фотографија воедно го покажува репрезентативот за тоа што е совршена жена.

sovrseno-telo-1950

Со само еден поглед, за убавицата од 1955 година многумина денес би кажале дека има вишок килограми, а тогаш и’ се восхитувале. Во денешната модна индустрија според многумина, оваа убавица би била можеби модел за plus-size облеката, а можеби и воопшто не би била дел од неа.

Но, од друга страна, ако погледнеме како изгледаат новите генерации и трендови и тоа како со текот на времето идеалите се менуваат, што јасно го покажува и оваа фотографија, се поставува едно друго прашање: Дали сè повеќе се оддалечуваме од идеалот од 1955-тата или се доближуваме?“

Вака отприлика сите ја пренесоа информацијата и фотографијата, која се покажа всушност дека е лажна.

Имено, фотографијата е направена во 2004 година, во боја и на неа се наоѓа актерка од филм за возрасни.

 Приказната за совршеното тело започнала со едно меме кое имало за цел да ги охрабри жените да го сакаат своето тело, па очигледно секој додавал на приказната она што сметал дека ќе ја направи поинтересна. 

А, ако сакаме реално да зборуваме за идеалното тело во 1950-тите, тогаш рамката во која се движи е претставена преку овие две фотографии:

Објавено:
24 ноември 2021
Категорија: 
Убавина