Оваа Нова година блеснете со тренди металик шминка на очите

6 декември 2013

Нагласувањето на очите е нешто што е актуелно оваа сезона, но сепак доколку не преферирате сенки и туш за очи во интензивни бои, дефинитивно постои алтернатива за вас и тоа во облик на металик шминка.

Без оглед на тоа дали ќе ставите неколку светки на очните капаци како што тоа оваа сезона го направи Шанел и Џон Галијано, ќе употребите сребрено моливче за очи како она од модната куќа Диор или пак ќе се нашминкате со сребрена сенка како онаа на Макс Мара, задолжително одберете си нешто во металик бои.

Изгледот на снежна кралица со ова ќе ви биде загарантиран, а ваквата шминка дефинитивно ќе изгледа супер во комбинација со гламурозниот стил што ќе го одберете за најлудата ноќ.

Објавено:
6 декември 2013
Категорија: 
Убавина