Погледнете го најдоброто покривање на акни на лицето!

25 октомври 2013

Осумнаесетгодишната Илејн Мок од Торонто има сериозен проблем со акните на лицето, но тоа за неа не претставуваше никаков проблем да сними видео што го виде целиот свет. Во истото таа храбро им покажува на девојките ширум светот како да ги покријат акните и истите воопшто да не им бидат проблем.

„Сакав да го споделам своето искуство, бидејќи знам дека многу девојки го имаат истиот проблем. Додека зборувам со луѓето гледам како погледот им се задржува на моето лице и поради тоа сум многу тажна и несигурна во себе“, вели Илејн.

Токму поради тоа, таа се решила да даде се од себе и да го покрие лицето со совршена шминка, а истото го прави за две минути и 28 секунди. За почеток, таа нанесува тенок слој серум по целото лице.

Потоа става BB крема, што дополнително ја хидрира и храни кожата со антиоксиданси, а потоа на ред доаѓа и пудрата и останатата шминка.

Погледнете како тоа го прави Илејн во видеото и научете некој трик!

Објавено:
25 октомври 2013
Категорија: 
Убавина