Портокаловите усни ќе се носат оваа пролет
•
8 мај 2013
Внимание, внимание!!! Оваа пролет портокаловата нијанса на кармин станува неизбежен детаљ од шминката кај припадничките на понежниот пол. Сфатете го тоа како замена за црвениот кармин, кој дефинитивно ја одбележа изминатава сезона. Портокаловите или како што уште ги нарекуваат џус-усни, не само што промовираат здрав и свеж изглед, туку претставуваат смела одлука и храбар избор за сите девојки кои ги следат модните трендови.
Ако сакате да ги освојувате погледите насекаде каде и да се појавите летово, не заборавајте дека вистинскиот избор се токму портокаловите нијанси. Бидете кралица на сите летни забави, затоа што вие без сомнение ги имате најсочните усни ова лето.