Позајмете панделка од Шанел

6 декември 2014

Претстојните празници се доста инспиративни во секој поглед. Неодамна одржаната ревија на престижниот Шанел во Слазбург беше оригинално доживување од повеќе стилски аспекти. За богатата ревија,  освен на специфичноста од  креациите, се мислеше  на секој детаљ од целосниот изглед на манекенките. Па така,  доста интересни и впечатливи се покажаа и романтичните фризури.

Специфичниот тренд кој може да го позајмете, è во доменот на косата. Истиот е доста едноставен за изведба, но доволно ефектен за најсвечените пригоди. Оваа шик- фризура ја носи замислата на стилистот заснована на инспирацијата од кралствата на Австрија во 19-от век, но прилагодена според тековните трендови. Сигурно поседувате  свилена лента, која ви сугерираме да ја украсите со некој впечалив брош од вашата колекција накит. Пробајте!

 

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Убавина